Top Sport

Ѓоковиќ проговори за крајот на кариерата

Пред неколку дена еден од најголемите тенисери Роџер Федерер се прости од активното играње тенис. Со оглед дека има 35 години, јасно е дека се ближи и збогувањето на Новак Ѓоковиќ.

Прашање е уште колку долго би можел да игра на највисоко ниво, но Новак изјави дека не размислува за збогување и дека сака да биде присутен на сцената.

„Во оваа фаза од мојата кариера не сакам да одам од турнир на турнир. Сакам да се фокусирам на најважните турнири. Морам да го сочувам своето тело и да имам долга кариера”, изјави Ѓоковиќ.

Тој не знае кога ќе стави крај на кариерата.

„Не размислувам дали ќе играм една или десет години. Моето тело ме слуша и не гледам наскоро крај на мојата кариера. Ќе продолжам додека се чувствувам добро. Можам да се натпреварувам со помладите играчи“, истакна српскиот тенисер.

Scroll to Top