Top Sport

Ѓоковиќ прв од „големата тројка“ стигна до трето коло на Ролан Гарос

За нешто повеќе од 2 часа на теренот во Париз српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на грен слем турнирот Ролан Гарос. Ѓоковиќ со максимални 3-0 славеше против Уругваецот Пабло Куевас и тоа по сетови 6-3, 6-2 и 6-4.

Уругваецот дури петпати загуби поени на својот сервис наспроти само едниот таков неуспех на српскиот ас.

Доминантната игра на првиот светски рекет не успеа да ја разниша ниту недоличното однесување на еден гледач во публиката поради што Новак се пожали на судијата, но одличната психолошка подготвеност го доведе до нов триумф и дуел против Литванецот Беранкис кој со 3-1 беше подобар од Австралиецот Дикворт.

И шведскиот тенисер Мајкл Имер се пласираше во третото коло на РГ откако денеска со 3-1 (6:0, 2:6, 6:4, 6:3) славеше против домашниот претставник, Гаел Монфис. Со тоа Имер стана првиот Швеѓанец кој стигнал до трето коло во Париз по Робин Содерлинг на кого тоа му успеа пред 10 години.

Имер во следното коло игра против Италијанецот Јаник Синер кој по четири сета славеше ((6:1, 7:5, 3:6, 6:3) против сонародникот Џанлука Мегер.

Десеттиот светски тенисер во моментов Аргентинецот Диего Шварцман го победи Словенецот Аљош Бедене со 6:4, 6:2, 6:4 и во третото коло ќе игра против Германецот Филип Колшрајбер кој пак денеска беше подобар од Русинот Аслан Карацев со 3-1 (6:3, 7:6, 4:6, 6:1).

Уште еден Италијанец е во третата рунда, Матео Беретини. Тој со лесни 3-0 (6:3, 6:3, 6:2) славеше против Аргентинецот Кориа и за противник во следното коло ќе го има Кореецот Квон Сунву кој со 3-0 беше подобар од Андреас Сепи.

Пласман во следна рунда обезбедија и Лоренцо Мусети, Доменик Кепфер и Камерон Нори.

Scroll to Top