Top Sport

Ѓоковиќ се брани со религиозна поука и со порака за Косово

Новак Ѓоковиќ првпат беше активен на социјалните мрежи по бурата критики кои ги доживеа по хаосот со организацијата на неговата тениска „Адрија турнеја“ по повот православниот празник Видовден, кој во Србија се одбележува како годишнина од славната Битка на Косово.

Ѓоковиќ беше на мета на критичарите откако тој, неговата сопруга, Григор Димитров, Борна Чориќ, Виктор Троицки и Горан Иванишевиќ се заразија со корона вирус присуствувајќи на неговите тениски егзибиции во Белград и Задар.

Сега, откако прашината се слегна, Ѓоковиќ одговори со цитат на поранешниот српски патријарх Павле.

„Бродовите не тонат поради водата која е околу нив, туку поради водата која ќе влезе во нив. Не дозволувајте тоа што ве опкружува да ве повлече на дното“, вели изјавата.

Втората порака на Инстаграм е поетично обраќање за Косово.

Scroll to Top