Top Sport

Ѓоковиќ се изначека и изнервира, па ја заврши работата против Фриц

Новак Ѓоковиќ со победа ја започна одбраната на титулата од Мастерсот во Рим, совладувајќи го Американецот Тејлор Фриц со 6:3/7:6(5) во меч кој беше одложен три часа поради дожд во италијанската престолнина.

Ова беше втора средба на Фриц со Ѓоковиќ, по контроверзниот меч на Австралија опен во февруари, кога Ѓоковиќ се жалеше на повреда на стомачните мускули, но потоа не само што го заврши мечот, туку и ја освои титулата.

Србинот почна сигурно, со брејк уште во вториот гем за 3:0 водство, по што поведе со нов брејк за 5:2 за да го освои сетот. Сепак, нервозата на светскиот рекет број 1 растеше и тој неколку пати бараше од судијата да го прекине мечот поради дожд.

По 2:0 водството во вториот сет, Фриц се врати за 2:2, а потоа Ѓоковиќ па направи брејк за 4:2, пред на 5:4 да се прекине мечот поради дожд. По дури три часа пауза, Фриц примора тај-брејк, но не успеа да го добие губејќи со 7:5. Следен за Ѓоковиќ е подобриот од дуелот меѓу Британецот Камерон Нори и Шпанецот Алехандро Давидович Фокина.

Scroll to Top