Top Sport

Ѓоковиќ: Се извлеков во првиот сет, секоја чест за Роџер

Новак Ѓоковиќ со одбрани зборови го коментираше полу-финалниот меч против Роџер Федерер на Австралија опен. Бранителот на титулата победи во три сета со 7/6, 6/4, 6/3.

Ѓоковиќ признал дека лошо влегол во мечот. Федерер во првиот сет имаше 1:4 и 0:40, односно 2:5 и 0:30, но вториот носител успеа да избори тај-брејк, а потоа и да го добие првиот сет.

Потоа во вториот и третиот сет му беа доволни по еден брејк за да го реши прашањето на победникот.

„Го почитувам Федерер поради тоа што излезе на теренот, а очигледно беше дека е повреден. Кога е во прашње движењето, не беше ниту блиску на своето најдобро ниво. Мечот можеше да заврши и поинаку доколку тој ги искористеше брејк топките на 1:4. Тој почна добро, а јас бев многу нервозен“, рекол Ѓоковиќ.

„Повеќе внимавав на неговите движења и на она што го прави отколку да се насочам на својата игра. Некогаш е подобро кога не размислувате многу, кога ги следите чувствата. Имав среќа што сервирав добро, тоа многу пати ми помогна во овој меч“.

Полу-финалето еше јубилејниот 50 дуел помеѓу Србинот и Швајцарецот. Ѓоковиќ во меѓусебните дуели води со 27:23.

„Се надевам дека поради мене е барем 20 отсто подобар играч. Знаме дека поради него јас сум подобар играч. Се работи за еден од моите најголеми ривали, сум одиграл толку многу мечеви против него и Рафа. Тие двајца ми помогнаа да ја разберам мојата игра. Ми требаше време да се усовршам и да ги предизвикам“.

Ѓоковиќ во финалето ќе игра против Доминик Тим или Александар Зверев.

Scroll to Top