Top Sport

Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на завршниот Мастерс

Новак Ѓоковиќ, за само 67 минути игра, го победи Андреј Рубљов со 6:4, 6:1, на завршниот Мастерс во Торино. Србинот, по одиграни натпревари во „Црвената група“, избори пласман во полуфиналето.

Ѓоковиќ со беспрекорна игра славеше против Рубљов. Рускиот тенисер, кој во првото коло го победи сонародникот Данил Медведев, конкурентен беше до резултатот 4:4 во првиот сет.

Потоа не го издржа притисокот. До крајот на мечот се одиграа девет гема, од кои осум му припаднаа на Ѓоковиќ.

Статистиката најдобро ја покажува доминацијата на Ѓоковиќ, само шест неизнудени грешки и 20 винери. Рубљов имаше 21 винер и 18 неизнудени грешки.

Покрај Ѓоковиќ пласман во полуфиналето избори и Каспер Руд од „Зелената група“.

Во последното коло, во групата, Ѓоковиќ ќе игра против Медведев.

Scroll to Top