Top Sport

Ѓоковиќ со два тај-брејка извлече триумф во втората рунда на Србија Опен

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ извлече победа (2:1 во сетови) против сонародникот Ласло Ѓере со два тај-брејка, во втората рунда од турнирот Србија Опен во Белград. Ѓоковиќ релативно лесно го загуби првиот сет со 6:2 во гемови, а потоа следеше голема борба и во останатите два сета.

Драматичниот втор сет го доби Ѓоковиќ во тај-брејк со 8:6 на поени, а мечот продолжи и во трет сет.

Ласло Ѓере имаше шанси за победа и во слендиот тај-брејк. Имаше водство од 5:4 на поени, и направи кардинална грешка на мрежа. Тоа Ѓоковиќ го искористи и успеа да го комплетира мечот со 7-4 во тај-брејкот.

Во следната рунда, Ѓоковиќ ќе игра против Миомир Кецмановиќ.

 

Scroll to Top