Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, со отворено писмо до претседателот на Австралија опен, Крег Тајли, објавено на Твитер се бранеше по критиките кои ги доби за наводната „листа на желби“ кои ги имал за настап на турнирот.
Претходно, Ѓоковиќ достави листа „совети“ до организаторите на првиот гренд слем во 2021, вклучувајќи дозвола за посета на тренерот, или „преселба“ на што е можно повеќе тенисери кај приватни жители на Австралија со тениски терени. Ова доаѓа откако Ѓоковиќ, како и сите тенисери кои ќе учествуваат на турнирот, се во 14-дневен карантин во Аделаида.
Во писмото, Ѓоковиќ вели дека имал добри намери и дека не сакал да испадне „себичен, тежок и неблагодарен“.
„Тоа е многу далеку од вистината. Јас искрено се грижам за моите колеги, а исто така сфаќам како функционира светот и кој станува поголем и зошто. Затоа ја користам мојата привлегирана позиција да помогнам каде што е потребно“, вели Ѓоковиќ.
Премиерот на провинцијата Викторија, Даниел Ендруз вчера го коментираше Ѓоковиќ со една реченица: „Одговорот е НЕ!“.
— Novak Djokovic (@DjokerNole) January 20, 2021