Новак Ѓоковиќ со 7:6(1)/6:4 го победи американскиот светски број 34., Максим Креси за пласман во второто коло на Мастерсот во Париз, каде што е актуелен освојувач на титулата. Иако во јубилејниот 50. настап во „Берси“ тој стигна до 42. победа, воопшто не му беше едноставно, посебно во првиот сет.
Двајцата тенисери беа одлични на свој сервис, и иако Ѓоковиќ загуби само три поени на свој сервис, едноставно немаше шанси да направи брејк. Во тај-брејкот, Креси напрви неколку грешки, за Србинот тоа да го искористи за да добие предност од 1:0 по еден час игра. Во вториот сет, му беше многу полесно, и со еден брејк ја комплетираше победата. Во следното коло, Србинот ќе игра против подобриот од мечт помеѓу Карен Хачанов и Марк-Андре Хуслер.
Толку среќа немаше поранешниот светски број 1, Енди Мареј, кој пропушти сет предност против ветеранот Жил Симон, кој се пензионира по овој турнир, и загуби со 4:6/7:5/6:3. Шкотланѓанецот имаше подобар старт на мечот и изгледаше дека е пред рутинска победа, кога очигледно почна да му пречи поддршката која ја добиваше Симон од домашната публика и пропушти 5:3 предност во вториот сет, за потоа да загуби само трети пат во 19 меча против Симон, чија кариера продолжува барем уште еден меч.