Поранешниот светски број 1 и шампион од Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ се пласираше во четврт-финалето на Франција опен со рутинска 6:3/6:4/6:2 победа над ветеранот Фернандо Вердаско, за третпат по четири меча да победи Шпанец на земјените терени.
Со ова, Ѓоковиќ дојде до своето деветто четврт-финале на Ролан Гарос, израмнувајќи се со низата на Роџер Федерер. Надал има 12 четврт-финалиња и 10 титули од Франција опен и е убедлив „цар“ на црвената земја.
И покрај ова, Ѓоковиќ не беше задоволен од условите на теренот „Филип Шартие“, откако по крајот на првиот сет, кој го доби со 6:3 се расправеша со судијата велејќи дека „не сфаќа“ зошто тој не реагира.
Вердаско стигна во мечот со убава победа над Григор Димитров за по седми пат да игра во осминафиналето, но против Ѓоковиќ, кој игра сѐ подобро на турнирот, немаше вистинска шанса.
Следен за Ѓоковиќ е Италијанецот Марко Чекинато, кој во четири сета со 7:5/4:6/6:0/6:3 го изненади 12. носител на турнирот, Белгиецот Давид Гофан.
Фото: ЕПА