Новокрунисаниот шампион од Вимблдон, Новак Ѓоковиќ напиша долго отворено писмо до сите свои фанови, откривајќи колку се чувсвувал ранливо во периодот по повредата на лактот.
Во писмото, поранешниот светски број 1 зборува за својот пат до 13. гренд слем титула и пречките кои биле пред него. Тој пропушти речиси шест месеци минатата година поради повреда на десниот лакт, по што беше на операција, но имаше проблеми и со мотивацијата и со смената на својот тренерски тим.
„Бев ранлив толку многу пати во последните години. И уште сум и не се срамам од тоа. Напротив, тоа ме прави повеќе вистински кон себеси и кон другите. Ми дозволува да бидам близок до луѓето, да анализирам што се случува внатре во мене. Кога ќе го најдам тоа, ќе имам стратегија да ги надминам прболемите и да станам посилен, помудар и посреќен како човек“, пишува Ѓоковиќ.
Тој признава дека не бил доволно трпелив по повредата, откако на стартот на сезоната само на два од шесте турнири победи во повеќе од еден меч.
„Последните две години не бев трпелив со очекувањата од тенисот. Не бев умен во носење стратегија. Не го слушав телото и ја потценив сериозноста на повредата. Се обидував да најдам решенија надвор, но тие секогаш беа внатре во мене“, вели Ѓоковиќ.
Србинот, кој е вегетаријанец, писмото го завршува со порака: „Тревата од Вимблдон повторно беше превкусна. Да додадев малку авокадо ќе беше совршена“.
Dear Friends & Family… https://t.co/Ob83np38AS
— Novak Djokovic (@DjokerNole) July 19, 2018