Top Sport

Ѓоковиќ во 2010 година сакал да ја прекине кариерата

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ открил дека во 2010 година сакал да ја заврши кариерата. Ѓоковиќ бил скршен по поразот во четврт-финалето на Ролан Гарос од Јирген Мелцер.

Во 2010 година Ѓоковиќ против Мелцер имал предност од 2:0, но не успеал да избори пласман во полу-финалето.

„Плачев. Беше тоа многу лош момент, сакав да го напуштам тенисот, во то момент сѐ ми изгледаше црно. Тогаш веќе имав еден Гренд слем (Австралија опен), бев трет во светот, но не бев среќен“, рекол Ѓоковиќ за „Скај Спортс“ и дополнил.

„Знаев дека можам повеќе, но не можев да победам во најважните мечеви против Федерер и Надал. Тој момент ме ослободи, успеав да го намалам притисокот, започнав да играм агресивно. Тоа беше клучната промена“.

Scroll to Top