Top Sport

Чисора на мерењето со Пулев се појави со маска на Борис Џонсон

Дерек Чисора и Кубрат Пулев ќе се сретнат во втора тешкашка пресметка во „О2 арената“ во Лондон во сабота, шест години по нивната битка во 12 рунди за европската титула во тешка категорија, која ја доби бугарскиот боксер.

Чизора (32-12, 23 КО) на мерењето пред мечот се појави во маска со ликот на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, кој си понесе оставка оваа недела, откако претходно јавно му даде поддршка.

41-годишниот Пулев (29-2, 14 КО) во претходниот меч го совлада на поени Џери Форест во првиот меч по поразот од Ентони Џошуа со нокаут во 2020, додека Чисора ги загуби последните три меча, сите на поени, вклучувајќи два порази на поени од Џозеф Паркер.

Scroll to Top