Top Sport

Ѓоковиќ загуби сет, но пресилен е за Ван Рајтховен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ загуби сет, но, сепак, рутински го победи Тим ван Рајтховен со 3:1 во сетови и се пласираше во четврт-финалето на Вимблдон каде за ривал ќе го има Јаник Синер. Италијанецот со идентични 3:1 во сетови го елиминира Карлос Алкараз на престижниот турнир во Лондон.

Ѓоковиќ почна фуриозно и го доби првиот сет со 6:2 во гемови, но потоа Ван Рајтховен покажа дека не мисли лесно да се предаде и возврати со 4:6 во вториот сет.

Сепак, Србинот не дозволи изненадување, ги доби наредните два сета со 6:1 и 6:2 и го комплетираше мечот.

Scroll to Top