Top Sport

Вучевиќ лобирал за Драгиќ – Словенецот се сели во Чикаго

Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ кариерата ќе ја продолжи во Чикаго Булс
Тој со тимот од Чикаго ќе потпише едногодишен договор и за тоа време ќе заработи 2,9 милиони долари.

Како што пишуваат американските новинари, црногорскиот центар Никола Вучевиќ одиграл многу важна улога во доаѓањето на Драгиќ.

Драгиќ минатата сезона ја започна во Торонто Репторс, а во февруари беше трејдуван во Бруклин Нетс каде остана до крајот на сезоната.

Драгиќ пред Торонто помина шест години во тимот на Мајами Хит, со кој играше во финалето на НБА.

Scroll to Top