Обидот на Лина Ѓорческа да се пласира во главната ждрепка на САД опен заврши во второто коло од квалификациите, откако во тешка битка со 128-рангираната Хрватка Јана Фет загуби со 6:3/3:6/6:3.
Во првиот сет се играше гем-по-гем сѐ до шестиот гем, кога Ѓорческа загуби брејк за 2:4 водство на противничката, и иако успеа да врати брејк во следниот гем, сетот го загуби на сервис на противничката со 6:3. Вториот сет почна уште полошо за македонската тенисерка, но потоа таа го крена нивото на игра и направи три брејка за да го освои одличниот втор сет за 37 минути.
Во одлучувачкиот сет, доволен беше еден брејк на Хрватката, да стигне до победа и дуел со Американката Даниел Лао во следното коло, откако таа со 6:4/7:5 ја победи Швајцарката Перин.