Top Sport

Матијашевиќ: Сега да се јават „стручњаците“ да ја објаснат оваа победа!

Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Матијашевиќ е презадоволен од втората победа над силната Словенија честитајќи на момците кои го дадоа максимумот во Љубљана.

„Ова е најголем резултат за сите нас. Честитки до моите момци, го направија договореното, целиот тим е заслужен за овој триумф. Македонија играше постојано добро, но овие последни два меча ги добивме. Сега ќе има и одбојкарски стручњаци кои ќе ги објаснат овие добри игри. Се надевам дека нема да сопреме тука ие надеваме дека ќе одиме во Франција и ќе се бориме до крај“, изјави Матијашевиќ по мечот.

Фото: ЦЕВ

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Scroll to Top