Top Sport

Гофан во Монпелје го освои првиот трофеј од 2017

Белгиецот Давид Гофан стигна до својата прва титула од 2017 година, откако во драматичното финале на Монпелје опен во Франција со 5:7/6:4/6:2 го совлада Шпанецот Роберто Баутиста Агут.

30-годишниот Гофан, кој излета во првото коло на Австралија опен овој месец, немаше освоено титула од таа во Токио во 2017 година, а последното финале го играше пред година и пол во Синсинати. Против Баутиста Агут, тој имаше лош старт, но го крена нивото во вториот и третиот сет за победа по 2 часа и 7 минути игра.

За Баутиста Агут ова е пак продолжување на низата без титули, откако последната ја освои во Доха во 2019 година.

Scroll to Top