Top Sport

Берон Дејвис до Златан: Глупав си, човеку!

Поранешната НБА ѕвезда, Берон Дејвис се вклучи во дискусијата дали спортистите треба да се мешаат во политика и во барањето на социјална правда, нарекувајќи го Златан Ибрахимовиќ „глупав“ и барајќи да се остави Леброн Џејмс да ја зборува „вистината“.

Ибрахимовиќ неодамна изјави дека го почитува Џејмс за тоа што го направил во спортот, но му советуваше да се „тргне“ од политиката, бидејќи тоа не е негова работа. Леброн му врати дека нема да престане да зборува за „своите луѓе“ и за еднаквоста, социјалната правда, расизмот…

Дејвис му се обрати на Златан преку Твитер со брутална порака.

„Златан, остани подалеку од Ел Еј. Галакси и така не ги бива. А ти си глупав. Земи го тој украден Зухан изглед и врати му го на Адам Сендлер. Сега остави го ‘кралот’ да зборува“, вели Берон.

Златан: Ил Феномено е најдобриот, кај Леброн не ми се допаѓа политиката

Scroll to Top