Top Sport

Ѓоковиќ го издржа налетот на Фриц за 11. полуфинале на АО

Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на Австралија опен. Првиот светски рекоет го победи Тејлор Фриц по речиси четири часа игра со 3:1 (7:6, 4:6, 6:2, 6:3).

Фриц (12. на АТП листата) му пружи силен отпор на првиот фаворит, но беше поразен и во деветтиот меѓусебен дуел со Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ лошо ги користеше брејк топките во првите два сета и само поради тоа не победи многу порано. Во првите два сета не искористи 15 брејк шанси. Еден од клучните моменти се случи во финишот на првиот сет кога при резултат 5:6, Фриц не искористи две сет топки.

Од третиот сет Ѓоковиќ играше многу посигурно, во третиот направи брејк на самиот почеток, а во четвртиот по брејкот во шестиот гем, Фриц возврати со ри-брејк, но веќе во осмиот гем Ѓоковиќ со нула го доби сервисот на противникот и го реши прашањето на победникот.

„Тејлор има еден од најдобрите сервиси. Го гледав против Циципас, тој сервираше исклучително добро. Лошо ги реализирав брејк топките, 4/21, но успеав да го направам тоа кога требаше. Го подигнав нивото на мојата игра од средината на третиот сет сервирав одлично. Имав повеќе асови од него, што е изненадувачки, но тоа е за пофалба во еден ваков меч“, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Јаник Синер или Андреј Рубљов.

Scroll to Top