Новак Ѓоковиќ, конечно, имаше лесен меч на Ролан Гарос, откако со 6:3/6:2/6:2 го декласираше Хуан Пабло Варилјас, тенисерот од Перу кој беше најпријатно изненадување на турнирот со пласманот во осминафиналето како 94. на АТП листата.
Откако претходно имаше исто така победа во три сета, но во далеку потесна игра против Алехандро Давидович Фокина, против Варилјас, вториот носител започна фуриозно, поведувајќи со 4:0, и иако противникот врати еден брејк, го освои првиот сет по 40-тина минути игра. Во вториот и третиот беше уште полесно за Ѓоковиќ, откако во двата сета направи по два брејка за убедлива победа.
Следен за Ѓоковиќ е Русинот Карен Хачанов, кој претходно денеска во четири сета беше подобар од Лоренцо Сонего.
Кај дамите, во четврт-финалето се пласираше и 43-рангираната Каролина Мучова, кој со 6:4/6:3 ја совлада Русинката Елина Аванесјан. Во следното коло на пат и стои уште една Русинка, ветеранката Анастасија Пављученкова.