Top Sport

Ѓоковиќ и Мареј ја продолжуваат соработката

Новак Ѓоковиќ, најбриот тенисер во историјата и Енди Мареј, неговиот тренер ја продолжуваат соработката.

Некогаш големите ривали, сега соработници, ќе бидат на иста страна за време на Ролан Гарос и Вимблдон, вториот и третиот Грен слем во сезоната, пишува британски Тајмс.

Сè излезе на виделина како дел од приказната дека Мареј во догледно време не планира да соработува со грен слем шампионката Ема Радукану, бидејќи сака да продолжи да биде дел од тимот на Новак Ѓоковиќ.

Србинот и Британецот го најавија почетокот на соработката во ноември мкинатата година, на задоволство на тенискиот свет.

Ѓоковиќ стигна до полуфиналето во Мелбурн, каде поради повреда мораше да му го предаде мечот со Александар Зверев. На пат кон место меѓу четирите најдобри, тој во блескаво четвртфинале го совлада и Карлос Алказар.

По турнирот и Ѓоковиќ и Мареј не го криеја ентузијазмот за соработката, туку нагласија дека ќе седнат и ќе разговараат за се. Очигледно е дека е постигнат договор и дека Мари ќе ја продолжи тренерската кариера работејќи со српскиот ас.

За време на неговата славна кариера, Енди Мареј освои три грен слем титули, беше двократен олимписки шампион и беше светски рекет број еден. Првата тренерска задача ја доби од Новак Ѓоковиќ.

Србинот, пак, има 24 големи трофеи и со помош на Мареј сака да го освои својот 25. трофеј на еден од четирите најголеми турнири во светот на тенисот.

Scroll to Top