Светскиот рекет број 2, Новак Ѓоковиќ потврди дека нема да настапи на Канада опен во Торонто во август поради замор, објавија организаторите на Мастерс 1000 турнирот.
36-годишниот Србин го загуби финалето на Вимблдон во пет сета од светскиот број 1, Шпанецот Карлос Алкараз пред една недела, и очигледно сака да одмори пред обидот да се освои САД опен. Тој ќе биде заменет од Американецот Кристофер Јубанкс во главната ждрепка.
„Секогаш сум уживал во Канада, но по разговорите со мојот тим мислам дека вистинска одлука е да одморам пред американската турнеја. Сакам да се заблагодарам на директорот на турнирот, Карл Хејл за неговото разбирање“, вели Ѓоковиќ.
23-кратниот гренд слем шампион има четири трофеи од канадскиот Мастерс.