Top Sport

Гранеруд е недопорлив – најдалеку и во Гармиш

Норвешкиот фаворит Халвор Егнер Гранеруд стигна и до втората еднопоруго победа на Новогодишната турнеја „4 скокалници“, останувајќи недопорлив на скокалницата во германскиот Гармиш-Партенкирхен, одговарајќи на предизвикот од словенечкиот скокач Анже Ланишек.

Гранеруд, кој победи и на првата скокалница во Оберстдорф на 29 декември, беше лидер по првата серија со скок од 140 метри, но беше под притисок откако Анже Ланишек имаше одличен скок од 137 метри во втората серија. На ова 26-годишниот шампион од Светскиот куп во 2020/21 одговори на совршен начин, со најдолг скок во сесијата од 142 метри за да прослави во стилот на неговиот сонародник, фудбалскиот ас Ерлинг Халанд.

На крајот Гранеруд собра 303.7 поени (140 и 142 метри) пред Ланишек со 297.3 (140.5 и 137 метри) и Полјакот Давид Кубацки со 294.4 метри (136 и 138.5 метри). Во топ 5 беа уште двајца Австријци – Мануел Фетнер со 279.6 и Јан Херл со 278.9 поени, пред уште еден Полјак, Пјотр Жила.

Гранеруд сега има 312.4 поени во пласманот на „4 скокалници“ пред Жила со 299.0 и Кубацки со 294.9, додека Ланишек по слабиот настап во Оберстдорф е 10. со 267.4 поени. Новогодишната турнеја продолжува на 4 јануари во австрискиот Инсбрук, пред финишот на најелитното скокачко натпреварување во Бишофсхофен на 6 јануари.

Scroll to Top