Top Sport

Гут-Бехрами фуриозна во Санкт Антон за своја 36. победа во кариерата

Швајцарската скијачка супереѕвезда, Лара Гут-Бехрами успеа да победи три Италијанки за триумф на супер-џи трката во австрискиот ски-центар Санкт Антон за своја 36. победа во кариерата.

31-годишната Гут-Бехрами, која е актуелна олимписка шампионка во дисциплината, беше фантастична на тешката патека, за да биде за 0.15 секунди предност пред Федерика Брињоне, по што следуваа уште две Италијанки – Марта Басино (+0.19) и Елена Куртони (+0.52).

Брињоне, која вчера стана првата Италијанка со 21 победи во Светскиот куп, останува лидер во супер-џи со 209 поени, пред Гут-Бехрами со 192 и Куртони со 190 поени.

Scroll to Top