Пензијата на Хабиб Нурмагомедов оди „подмачкано“. Откако вчера призна дека си купил овци и дека планира да се посвети на студиите, тој во својата татковина, руската република Дагестан бизарно беше добитник на наградата за „најдобра мајка“.
Хабиб го доби медалот во Дербент, на 125 километри од неговиот роден град Махачкала, а причината е во тоа што го исполнил ветувањето дадено на својата мајка дека ќе се пензионира по победата над Џастин Гетџи. Тој бил на средба со локалните деца, кога му бил доделен медалот.
„Ваков медал ми дадоа во Дербент“, напиша тој на својот Инстаграм профил.
Хабиб го среди Гетџи, па се прости од УФЦ – „И ветив на мајка ми“