Менаџерот на УФЦ ѕвездата Хабиб Нурмагомедов вели дека магазинот „Форбс“ го „потценил“ неговиот клиент откако објавија дека Дагестанецот заработил 16.5 милиони долари во изминатата година, велејќи дека сумата е многу поголема.
Хабиб неодамна беше на првото место на листата на најуспешни млади Руси од светот на спортот и забавата, со проценка дека од април 2019 до април 2020 заработил 16.5 милиони долари и покрај тоа што во овој период имаше само еден настап во откагонот, победата над Дастин Поарие на УФЦ 242 во Абу Даби во септември 2019.
Ова беше втора година во низа во која тој е на првото место на листата пред имиња како поп-ѕвездата Олга Бузова и НХЛ херојот Александер Овечкин.
Сепак, неговиот менаџер, Али Абделазиз вели дека проценката е ниска. 31-годишниот Дагестанец лани обезбеди и спонзорски договори со „Рибок“ и со енергетскиот пијалок „Горила“.
„Сумата е поголема, бидејќи Хабиб добива најмалку по 300.000 долари за да се појави во јавност и да зборува“, вели Абделазиз.
УФЦ шефот Дејна Вајт го опиша Хабиб како „еб.но богат“, велејќи дека има огромна популарност во земјите од Блискиот Исток.
? Khabib tops Forbes ‘most successful’ young Russians listhttps://t.co/vYbVsS9jmg
— RT Sport (@RTSportNews) June 25, 2020