УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов ја откри гласовната порака која Златан Ибрахимовиќ му ја пратил пред мечот со Џастин Гетџи во октомври, откривајќи дека добил покана да биде гостин на Милан, но и на турскиот гигант Фенербахче.
Ибрахимовиќ е огромен фан на ММА борбите, а и самиот тренира таеквондо, и затоа му пратил мотивациска порака на Хабиб.
„Ако се чувствуваш млад, тогаш си млад. Ако тренираш напорно, тренираш напорно. И ако знаеш дека си подобар од другите, тогаш си подобар од другите. Само треба да го направиш тоа. Луѓето зборуваат кога си број 1. Само сакаат да најдат нешто против тебе. Секогаш е истото ср.ње“, вели Златан во пораката.
View this post on Instagram