Top Sport

Хабиб: Конор е готов, нека се бори уште еднаш со Поирие, па да го дотепа!

Дагестанскиот ММА борец Хабиб Нурмагомедов е активен на социјалните мрежи, па веднаш по службениот пораз на Конор Мекгрегор на борбата со Дастин Поирие на Твитер напиша дека секогаш доброто го победува злото.

Вчера во интервју за „ЕСПН“ ја коментираше иднината на Мекгрегор.

„Да не ја скршеше ногата, ќе речев дека може да се врати на она ниво на кое беше во зенитот. Со скршена нога – нема шанси. Никогаш веќе нема да удира на истиот начин. Не е стар, но мислам дека ниту психички нема да биде како пред да ја заработи скршеницата. Тој е готов. Ако сака да се врати, нека му даде шанса на Дастин да го дотепа. Мислам дека УФЦ ќе договори негова борба и со Поирие и со Дијаз. Ќе изгуби и од двајцата“ вели Нурмагомедов.

Русинот даде коментар и на најавите на Ирецот пред мечот со Поирие дека ќе го убие.

„Пред неколку месеци беше нормален, но тоа што сега го зборуваше беше лажно. Затоа Дастин воопшто не беше загрижен од таа приказна. Тоа беше големата грешка на Конор затоа што на тоа потроши премногу енергија. Занимавај се со себе, и на тоа фокусирај се – не се занимавај со противникот“ вели Хабиб.

За потсетување, Конор Мекгрегор на крајот на првата рунда на мечот со Поирие ја скрши ногата, а тој до крајот на годинава сигурно нема да се врати во октагонот.

Scroll to Top