Top Sport

Матеус удри по Англичаните: Си ја заслужија траумата по загубеното финале!

Легендата на германскиот фудбал, Лотар Матеус вели дека англиските фудбалери, но и навивачите „си ја заслужија траумата“ по поразот од Италија во финалето на ЕУРО2020.

Матеус за „Спорт Билд“ рече дека не е воодушевен од однесувањето на дел од навивачите.

„Англиските навивачи беа непријателски расположени во девојче во дрес на Германија. Ја свиркаа химната на својот противник. Данскиот голман Шмајхел го заслепуваа со ласер. Додадете го на тоа расистичкото однесување кон своите играчи во финалето. Драги Англичани – тоа беше неспортско однесување кое не сакаме повеќе да го видиме. Жал ми е за играчите, но си ја заслуживте траумата по финалето загубено на пенали“ вели Матеус.

Зборувајќи за „девојче во дрес на Германија“ Матеус мислеше на тоа кога фановите на „Гордиот Албион“ се исмеваа на млада навивачка на „Панцирите“ откако германската репрезентација со 2-0 беше поразена од Англија.

Англиски фанови ја свиркаа химната на Италија пред почетокот на финалето, а Федерација заработи и казна од 26.000 фунти поради неодговорниот навивач кој со ласер му пречење на Шмајхел додека Хари Кејн шутираше пенал, во полуфиналето.

Scroll to Top