Хабиб Нурмагомедов признава дека е заинтересиран за ММА/бокс „кросовер“ меч против Флојд Мејведер, и е сигурен во своите шанси и покрај тоа што нема искуство во боксерскиот ринг.
УФЦ шампионот во лесна категорија е сигурен дека би го победил непоразениот боксер во 11 рунди бокс и една финална ММА рунда, и не верува дека Мејведер има било какви шанси да го нокаутира.
„Не верувам дека би ме нокаутирал во 11 рунди. А, потоа што ќе прави во последната рунда? Пет минути со мене? Ќе го соборам, ќе го здробам. Што ќе направи? Секако, во боксот тој е многу добар, но не верувам дека би ме нокаутирал“, вели Нурмагомедов за „ТМЗ“.
Тој го според возрасниот Мејведер со неговиот татко.
„Тој сака да биде на врвот на медиумската игра. Ја видов неговата роденденска забава пред неколку дена, наполни 48 или 49 години. Тој е речиси возрасен како мојот татко и не ми е јасно како ќе го удрам во лице. Ако сака да се бори, нека дојде во УФЦ. Тоа е вистинска борба. Јас не сум боксер, јас сум борач, ММА фајтер. Ако може да го договори тоа, јас сум тука“, додава Нурмагомедов.
Мејведер инаку наполни 43 години, а не 48.
TMZ: Are you interested in fighting Floyd?
Khabib: “You know… I saw his birthday a couple of days ago… he become like 48 or 49 or something. He almost like my father’s age… I don’t understand how I’m gonna punch his face.” ??
Floyd Mayweather just turned 43, not 49. ? pic.twitter.com/qmOP34QQmh
— Sameera Khan (@SameeraKhan) March 2, 2020