Top Sport

Хабиб: Не сум заинтересиран ниту за 100 милиони долари, ниту за камбек

УФЦ легендата Хабиб Нурмагомедов вели дека му е доста од прашањата за негов можен камбек, откако наводно добил понуда од 100 милиони долари за борба со боксерската легенда Флојд Мејведер.

Нурмагомедов присуствуваше на настан од неговата ЕФЦ серија (Eagle Fighting Championship) во Казањ, каде што најави дека ќе отвори вежбална, но не можеше да ги избегне прашањата за пензионирањето по победата над Џастин Гетџи во октомври.

„Прашањата нема никогаш да престанат. Мислам дека за 10 години ќе ме прашаат: ‘Имаше фајтери кои на 42 години се враќаат во УФЦ, зошто ти не го направиш тоа’. Да сум на ваше место нема да го чекам мојот камбек. Дали ми е потребно да се вратам? Не ми е потребна ниту афирмација, ниту пари, дури ниту 100 милиони“, вели Нурмагомедов.

Тој исто така посочи дека е тешко дека ќе се посвети и на тренерската работа, и покрај тоа што многу од неговите пријатели и роднини се уште активни во УФЦ.

„Не е во ред само да бидам тренер. Мислам дека можам да направам многу повеќе од тоа да сум тренер. Кога моите браќа ќе се борат, ќе ги советувам, бидејќи имам искуство“, додава Дагестанецот.

Scroll to Top