УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов ги налути новинарите во Москва, откако прво закажа прес-конференција, и пред да почне си замина од зградата.
Пресот, кој требаше да биде прв настап пред домашните новинари по победата над Дастин Поаире на УФЦ 222, беше организиран од еден од неговите најголеми спонзори, енергетскиот пијалок „Горила“ и беше закажан во 11 часот наутро. 45 минути по предвиденото време, беше одложен поради „технички проблеми“, по што Хабиб беше забележан како си заминува од зградата.
Наместо него, на прес-конференција беше неговиот братучед Умар Нурмагомедов и членот на неговиот тим, Тагир Уланбеков. Руските медиуми тврдат дека Хабиб се решил на ваков потег за да не биде во друштво со Игор Ким, првиот човек на „Московската пивара“, која е сопственик на брендот „Горила“, а тој не сакал да биде асоциран со компанија која произведува алкохол, поради неговите верски убедувања.
Официјално, од неговиот тим објавија дека тој има средба со политичари во Кремљ, но час подоцна тој објави видео како тренира.