Руската УФЦ мега-ѕвезда, Хабиб Нурмагомедов ја откри својата емоција кога почувствувал дека го победил Конор Мекгрегор во контроверзниот меч за титула во октомври во Лас Вегас.
Нурмагомедов доминираше во тој меч, пред да го „задави“ противникот по 3 минути во четвртата рунда за да ја заддржи титулата во лесна категорија. По ова во Лас Вегас се случи вистински хаос, откако Хабиб ја прескокна оградата и влезе во тепачка со луѓето на Мекгрегор.
Сега, откако официјалниот Инстаграм профил на УФЦ на руски јазик побара фановите да ја опишат својата емоција во тој момент, самитот Дагестанец одговори.
„Откорни му го срцето“, напиша Нурмагомедов.
Двајцата фајтери немаат влезено во октагонот по таа вечер во „Т-Мобиле арената“, откако прво добија суспензии. Нурмагомедов ќе се бори со Американецот Дастин Поаире на УФЦ 242 во Абу Даби на 7 септември, додека Мекгрегор по вторпат објави дека се повлекува, но таа одлука не е дефинитивна.