Top Sport

Хабиб се поти пред враќањето во кафезот: Нема денови за одмор

УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов ги започна подготовките за враќањето во рингот против Џастин Гетџи на УФЦ 254, споделувајќи фотографија по спаринг со неговиот братучед, Абубакар Нурмагомедов, кој е поранешен руски шампион во самбо.

„11 недели пред мечот, одиме според планот, нема ниту еден ден без убавата работа“, напиша Нумрагомедов на фотографијата со Абубакар во собата за вежбање.

Ова ќе биде прв меч во кој Хабиб нема да се подготвува со неговиот татко Абдулманап, кој почина од корона вирусот, и по ова следува напорниот тренинг-камп во Калифорнија со тренерот Хавиер Мендез.

Scroll to Top