Top Sport

Нејмар заработува колку целиот тим на Аталанта

Пари Сен-Жермен и Аталанта во среда ќе се судрат со четврт-финалето на Лигата на шампионите, почнувајќи со ист резултат и иста желба за победа, но ако се споредат финансиските аспекти на фудбалот, едниот клуб е несомнено во подредена положба.

ПСЖ веќе се во Португалија, каде што ја поставија базата во Фаро, додека Аталанта ќе патува во понеделник, а пред нивниот дуел весникот „Ла газета дело спорт“ ги разгледа финансиите на клубовите со заклучок дека најскапиот фудбалер на светот, Нејмар заработува колку целиот тим на „Ла деа“.

Бразилската мегаѕвезда заработува околу 36 милиони евра годишно, додека фудбалери кои најдобро заработуваат од клубот од Бергамо, се капитенот Алехандро „Папу“ Гомез, отсутниот Јосип Иличиќ и колумбискиот напаѓач Дуван Запата со 1.2 милиони евра годишна плата (со одредени бонуси).

Scroll to Top