Top Sport

Бундеслигата го објави распоредот за 16 и 17 мај

Претставници на Фудбалскиот сојуз на Германија на прес конференција го објавија распоредот на натпреварите што ќе се одиграа во рамките на 26 коло. Првата и Втората лига во Германија ќе продолжат на 16 мај.

Во сабота на 16 мај во Бундеслигата од 15.30 часот ќе играат Борусија Дортмунд-Шалке, Лајпциг-Фрајбург, Хофенхајм-Херта, Фортуна-Падерброн и Аугзбург-Волфлсбург, додека во терминот од 18.30 часот ќе играат Ајнтрахт и Борусија Менхенгладбах.

Во недела на 17 мај ќе играат Келн и Мајнц од 15.30 часот, Унион Берлин и Баерн Минхен од 18 часот и Вердер и Баер Леверкузен од 20.30 часот.

Сите натпревари ќе се играат пред празни трибини.

Scroll to Top