Top Sport

Хабиб со трогателна порака по масакрот во Казањ: Не постојат „туѓи“ деца

УФЦ легендата, Хабиб Нурмагомедов, се приклучи на пораките за сочувство за семејствата на жртвите на масакрот кој се случи во училиште во Казањ, во руската република Татарстан.

Седум деца и двајца возрасни беа убиени во напад на школото „175“ во вторникот наутро од 19-годишниот поранешен ученик во школото, Илназ Галјавиев, кој е уапсен, а десетина ученици беа повредени.

„Нема туѓи деца“, напиша 32-годишниот Дагестанец на Инстаграм, праќајќи колективна порака на тага за трагедијата. „Сочувство за семејствата и саканите. Казањ, ние сме со тебе“, додаде Хабиб.

И олимписката шампионка во уметничко лизгање, Алина Загитова прати порака за Казањ, додека локалниот прволигаш Рубин Казањ најави помош за погодените.

Scroll to Top