Високите температури им прават големи проблеми на тенисерите на американската турнеја. Видеото кое најдобро ги прикажува маките на играчите доаѓа од Вашингтон каде Карен Хачанов најде необичен начин да се разлади.
На температура од 35 Целзиусови степени, рускиот тенисер реши да го отвори фрижидерот и да ја стави главата во него за малку да се освежи пред да продолжи мечот.
Тоа на крајот не му помогна многу, бидејќи неговиот ривал Јошихито Нишиока се пласираше во четврт-финалето на турнирот.
Хачанов е 24. играч во светот и има четири титули во кариерата.
When the heat gets too much ?@karenkhachanov #CitiOpen pic.twitter.com/QNqryCwceL
— Tennis TV (@TennisTV) August 4, 2022