Рускиот тенисер Карен Хачанов се извини поради бурните реакции на турнирот во Антверпен, на дуелот со Даниел Еванс.
„Беше емотивно-компликуван меч. По истиот зборував со судијата кој ми се извини за грешката, а јас се извинив што реагирав онака. На крајот на денот, сите сме луѓе и грешките се случуваат. Не сакав никого да навредам, само не можев да го исконтролирам темпераментот во одлучувачките моменти, што на крајот се рефлектираше на мечот“ напиша Хачанов.
Good guy pic.twitter.com/p4e9Ry5Ark
— José Morgado (@josemorgado) October 24, 2020
Рускиот тенисер беше оштетен во тај-брејкот од вториот сет, а бидејќи на турнирот нема „око соколово“ не можеше ништо против судиската одлука. Седумнаесетиот светски тенисер го загуби сетот, по што со нога ја шутна мрежата, а со рекетот удри во столицата на која седи главниот судија:
Хачанов беше „ограбен“ во Антверпен, па лудуваше во Антверпен