Top Sport

Хачанов се „распадна“ против Алкараз

Првиот носител, Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на Мадрид опен, победувајќи го Русинот Карен Хачанов со 6:4/7:5, откако ривалот пропушти 5:2 водство во вториот сет.

По доминантната победа над Александер Зверев, Алкараз имаше далеку потешка задача против Хачанов. Во првиот сет, Алкараз спаси една брејк топка и направи еден брејк за водство од 1:0, по што Русинот имаше фантастичен почеток на вториот сет и 5:2 водство, по што загуби пет гема во низа за незгоден пораз.

Следен за светскиот рекет број 2 е подобриот од мечот помеѓу Хрватот Борна Чориќ и Германецот Даниел Алтмаер.

Кај дамите, прва во полуфиналето е Русинката Вероника Кудерметова, која и покрај катастрофалниот втор сет со 6:4/0:6/6:4 беше подобра од Американката Џесика Пегјула. 26-годишната Кудерметова имаше серија од четири порази пред настапот во Мадрид, и сега ќе игра со подобрата од дуелот на светската тенисерка број 1, Ига Швјонтек и Хрватката Петра Мартиќ.

Scroll to Top