Поранешната светска тенисерка број 1, Симона Халеп стигна по вторпат до полуфиналето на Вимблдон, откако уште еднаш доминираше и стигна до 7:6(4)/6:1 победа над Кинеската Жанг Шуаи.
Како и во победата над 15-годишната Кори Гоф во понеделникот, Халеп имаше спор старт на мечот и губеше со 1:4, пред да се врати и да го освои во тај-брејкот, за потоа во вториот сет да доминира над својата противничка. Следна за седмата носителка е или Украинката Елина Свитолина или Каролина Мучова.
„Се борев во првиот сет и знаев дека не смеам да и дадам лесни шанси. Имам енергија, свежа сум и го играм можеби мојот најдобар тенис на трева досега“, изјави Халеп.
A semi-finalist once again…@Simona_Halep defeats a spirited Shuai Zhang 7-6(4), 6-1 to make the #Wimbledon final four for the first time since 2014 pic.twitter.com/IVGkZ9Njxl
— Wimbledon (@Wimbledon) July 9, 2019
Во полуфиналето е и Серена Вилијамс, која потешко од очекувањата со 6:4/4:6/6:3 ја победи американската сонародничка Елисон Риски во тесен меч на „Централниот терен“. Вилијамс двапати беше во негатива во првиот сет, но по 3:4 загуби само само четири поени во следните три гема за да поведе со 1:0.
Во вториот, Риски направи брејк во претпоследниот гем за да израмни на 1:1, но таа не успеа да ја заддржи формата и Серена бргу дојде до 3:1 водство за да го комплетира триумфот.