Симона Халеп покажа дека ја врати најдобрата форма во својата кариера откако со 6:1/6:3 ја „уништи“ Елина Свитолина за пласман во своето прво финале на Вимблдон, каде што ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Серена Вилијамс и Барбора Стрицова.
27-годишната Свитолина го помина својот прв посериозен тест на турнирот без мака, доминирајќи против осмата носителка од Украина, и сега ќе ја брка својата втора гренд слем титула, откако лани го освои Ролан Гарос по поразите во финалињата во Париз во 2014 и 2017 и поразот во финалето на Австралија опен во 2018 година.
Халеп не се соочи со носителка на патот до полуфиналето и имаше загубено четири од претходните седум дуели со Свитолина, но откако и требаа 43 минути да го освои првиот сет, таа лесно го комплетираше триумфот.
„Чувството е фантастично. Навистина сум возбудена, но и малку нервозна што сум во финалето. Ова е еден од најдобрите моменти во мојот живот. Ќе играм за да уживам во финалето“, вели Халеп.
The final awaits…@Simona_Halep reaches her first ever #Wimbledon final after beating Elina Svitolina 6-1 6-3 pic.twitter.com/Jq88sV4J8J
— Wimbledon (@Wimbledon) July 11, 2019