Во еден од најдобрите мечеви на ВТА турнејата оваа сезона, Симона Халеп ја совлада Слоун Стивенс со 7:6(6)/3:6/6:4 во финалето на Роџерс купот во Монтреал, за реприза од финалето на Ролан Гарос, каде што Романката преку Американката стигна до својата прва гренд слем титула.
Светската тенисерка број 1, Халеп секогаш играла одлично во Монтреал, каде што во 2015 година загуби во финалето, а во 2016 година беше шампионка, а против САД опен шампионката Стивенс одигра еден неверојатен меч, одбележан со првиот сет во кој Халеп освои 52 поени, а Стивенс 50.
Вториот сет започна со три брејка на сервис, и нивото на играта падна по неверојатниот тај-брејк, но Стивенс успеа да се соземе прва и да направи брејк за 3:1, по што го освои сетот. Романката не дозволи изненадување во третиот сет, правејќи веднаш брејк, по што Американката не успеа да ја наметне својата игра.
Ова е неверојатна 42. победа за Халеп оваа сезона и трета титула. Таа останува на првото место на ВТА листата и од понеделник.
.@Simona_Halep takes her second @CoupeRogers title!
Outlasts Stephens 7-6(6), 3-6, 6-3, in a high-quality epic! pic.twitter.com/EEyBFULd5q
— WTA (@WTA) August 12, 2018