Симона Халеп ја помина ноќта во болница со „сериозна дехидрација“, неколку часа откако загуби во финалето на Австралија опен од Каролине Вознијацки.
Романската тенисерка била пуштена во неделата наутро, а фотографијата на ЕСПН ја покажува тенисерката во болничкиот кревет.
Двете финалистки побараа медицински тајмаут во мечот од 2 часа и 49 минути на арената „Род Лејвер“, кој Вознијацки го доби со 7:6/3.6/6:4. 26-годишната Халеп помина речиси 12 часа на теренот во првите шест кола од турнирот и очигледно жештината во Мелбурн влијаеше потешко на неа отколку на Данката.
По женското финале, организаторите решија машкото финале да се игра под затворен покрив и со пуштени клима-уреди.