Флојд Мејведер и Ју-тјуб ѕвездата Логан Пол го одбработија соочувањето пред нивниот меч во Мајами. Вистинска лудница настанала кога кога пред Мејветер се појавил помладиот од браќата пол, Џејк.
Мејведер, кој во кариерата победил во сите свои 50 борби, рекол дека во една вечер би ги претепал браќата. Потоа се појавил Џејк, кој исто така е популарен Ју-тјубер и му ја украл капата на легендарниот боксер.
Мејведер веднаш започнал да го удира Џејк пред новинарите.
Mayhem in Miami ??#MayweatherPaul pic.twitter.com/RwXosjT7OU
— SHOWTIME Boxing (@ShowtimeBoxing) May 6, 2021
„Ќе те убијам кога ќе те фатам“, викал Мејветер, а Џејк потоа се огласил на Твитер.
„Му ја украдов капата бидејќи тој со досегашните свои борби им ги краде парите на луѓето“.
Логан Пол во кариерата имал две борби, со Ју-тјуберот Кеј-Си има реми и пораз, додека Џејк забележал три победи.
Floyd Mayweather was about to kill Jake Paul pic.twitter.com/2EwKwO4BrP
— DJ Akademiks (@Akademiks) May 6, 2021