Top Sport

Хингис пред пензијата стана број 1

Мартина Хингис ќе ја заврши својата тениска кариера со успех, откако ВТА турнејата потврди дека 37-годишната Швајцарка го обезбеди првото место на рејтинг-листата за 2017 година заедно со тајванската партнерка Чен Јунг-Џан.

Во четвртокот, Хингис објави дека се повлекува од спортот по третпат, завршувајќи ја кариерата во која освои 25 гренд слем титули (од кои 5 во сингл).

Хингис и Чен освоија девет титули заедно оваа година, вклучувајќи го УС опен минатиот викенд и тие се петти тим кој завршува на првото место во рејтингот во двојки по Лиза Рејмонд/Саманта Стосур (2006), Кара Блек/Лајзеј Хубер (2007-2009), Сара Ерани/Роберта Винчи (2013-14) и Хингис/Санија Мирза (2015).

„Латиша и јас сме број 1 во двојки и тоа е возбудлив финиш. Да се заврши сезоната на врвот е само доказ за напорната работа“, изјави Хингис.

Мартина Хингис си заминува од тенисот

Scroll to Top