Австрискиот скијачки доминатор, Марсел Хиршер пополни уште една ретка дупка во неговата колекција, победувајќи првпат во кариерата во трка во паралелен велеслалом.
Под рефлекторите во Алта Бадија, каде што вчера победи во велеслаломот по шести пат, Хиршер конечно ја освои титулата која му недостасуваше, победувајќи го изненадувачкиот финалист, Французинот Тибо Фавро во големото финале. Третото место го освои Алексис Пинтуро, за втор подиум во два дена.
Покрај ова, победата за Хиршер е 62. во неговата кариера, со што е на третото место во историјата израмнет со Анемари Мозер-Прел.
Светскиот куп продолжува со две технички трки во Залбах, Австрија, велеслалом и слалом, каде што Хиршер повторно е фаворит.
Фото: ЕПА