Top Sport

Холденер со историска „поделена“ победа, Одермат со втор триумф оваа сезона

Швајцарката Венди Холденер успеа да прекине една од најневеројатните „спортски суши“ во алпското скијање, откако ја подели слаломската победа со Швеѓанката Анаа Свен Ларсон на трката од СК во Килингтон, САД.

29-годишната Холденер, која три победи од Светскиот куп во други дисциплини, плус две светски титули и олимписко злато во комбинација, пред оваа трка имаше 15 пласмани на второто место во слалом и 15 на третото место за да ја оствари првата победа во дисциплината. Холденер и Ларсон по двете возења на патеката во Вермонт имаа 0.22 секунди подобро време од третопласираната Австријка, Катарина Трупе.

„Да се биде израмнет на првото место по ваков финиш беше големо олеснување за мене. Совршена трка бидејќи сега можам да ја споделам првата победа со некого“, изјави Холденер.

Микаела Шифрин, незапирливата Американка беше лидер по првото возење, но направи грешка и заврши на петтото место. Женскиот Светски куп се сели во Лејк Луис, Канада следниот брзински викенд со два спуста и една супер-џи трка.

Во Канада пак, швајцарскиот ас Марко Одермат стигна до својата втора победа оваа сезона (по триумфот на велеслаломот во Зелден) и 13 во кариерата, откако освојувачот на кристалниот глобус го совлада вчерашниот победник, Норвежанецот Александер Омот Килде за 0.37 секунди во супер-џи трката. Австриецот Матијас Маер беше трет со 0.78 секунди послабо време.

Scroll to Top