Top Sport

Холифилд го повика Тајсон на меч: Да им го дадеме на луѓето тоа што го сакаат

Ивандер Холифилд е подготвен за продолжување на ривалството со Мајк Тајсон, со организирање на трета пресметка меѓу двајцата 50-годишници, 23 години по нивниот втор драматичен меч во Лас Вегас со порака: „Да им го дадеме на луѓето тоа што го сакаат“.

Холифилд и Тајсон во 1996 и 1997 се сретнаа во две пресметки во тешка категорија, кои на крајот ги доби Холифилд, а во вториот меч се случи еден од најголемите инциденти во боксерските рингови, кога Тајсон му одгриза дел од увото на ривалот.

53-годишниот Тајсон веќе подолго време се подготвува за враќање во рингот за „неколку егзибициски мечеви“, и тоа го инспирираше 57-годишниот Холифилд да размислува за трет меч.

„Да, би сакал тоа да се оствари, да влезам во ринг со Мајк Тајсон. Отворен сум, знам дека можам да се држам на 57 години и знам како да се справам со Мајк. Но, за тоа да се случи, прво Мајк треба да посака. Ако парите се вистински, тогаш да го направиме. Не се работи за тоа кој кого ќе победи, туку за двајца најголеми боксери во нашата ера кои ќе направат нешто добро. Никогаш не сум имал ништо лично против Мајк и би било добо да покажеме дека можеме заедно. Мајк изгледа добро, но и јас сум ментално и физички во одлична форма. Знам дека сега добива понуди од секакви луѓе, но овој меч луѓето навистина би го сакале“, вели Холифилд за британскиот таблоид „Сан“.

Scroll to Top